„Форбс“: Ова е најбогатата актерка на светот, сама си го заработила секој долар

Актерката Рис Витерспун (47) стана најбогатата самоостварена актерка во светот според магазинот „Форбс“.
„Форбс“ ја објави листата на најбогати Американки, а Рис го зазеде 59. место, меѓу Доли Партон и Барбара Стрејсенд. Нејзиното богатство се проценува на 440 милиони долари, а заедно со актерството Рис се впушти и во претприемачките води. Во 2016 година ја основа медиумската компанија „Хелоу саншајн, која е одговорна за филмови и серии како „Gone Girl“, „Big Little Lies“ и многу други. Таа ја основа и продуцентската куќа „Пацифик стандард“, заедно со продуцентката Бруна Папандрео.
View this post on Instagram
– Мислам дека тоа беше буквално единственото студио што имаше проект за главна женска улога постара од 30 години. Си помислив: „Морам сериозно да почнам да работам“ – рекла Рис во една прилика за „Вариети“.
Во 2021 година, таа ја продаде компанијата „Хелоу саншајн“ на медиумска компанија за 900 милиони долари.
View this post on Instagram
– Ја основав оваа компанија за да го сменам начинот на кој жените се прикажуваат во медиумите. Во текот на изминатите неколку години, го следевме напредокот на нашата мисија преку книги, ТВ, филмови и социјалните платформи – рекла Рис, која сè уште поседува околу 18 отсто од компанијата.
Покрај сè, Рис го основала и литературниот клуб „Клубот на книги на Рис“.
View this post on Instagram
Според „Форбс“, Рис е и една од најплатените актерки, која, како што пишуваат, добила 1,2 милиони долари за главната улога, како и за продукцијата на епизодите на „The Morning Show“. Според Celebrity Net Worth, актерката заработила најмалку 15 милиони долари за секој филм што го снимила помеѓу 2001 и 2012 година.
Гените се чудо: Ќерката на Рис Видерспун е копија на својата славна мајка
Рис Витерспун објави на Инстаграм дека се разведува по 12 години брак