Фонтаната „Воин на коњ“ преполна со ѓубре и тиња: Што чистеа „Водовод и канализација“?

Ѓубре и алги во фонтата на плоштад / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Пластични шишиња, опаковки од храна, од цигари и разни други отпадоци пловат по водата во фонтаната „Воин на коњ“ на градскиот плоштад. Вистинска слика за тоа колку некои граѓани се со ниска еколошка свест и колку не се грижат за тоа што е општо добро.

Но, освен „пловечкото“ ѓубре, водата наместо сина е зелена од тињата на дното на фонтаната. За тоа срамот не е на сметка на граѓаните туку на оние што се надлежни за нејзиното одржување, поточно на ЈП „Водовод и канализација“.

Како што е познато оваа фонтана, како и фонтаните на плоштадот „Карпошово востание“ подолго време не работеа. Сега работат половично, може да се каже дека водата од нив повеќе се цеди отколку што прска. На прашањето до „Водовод и канализација“ зошто не се пуштаат фонтаните и дали претпријатието среде лето штеди вода, оттаму одговорија дека причината е тоа дека фонтаните мора да се исчистат.

Фонтаните „Воин на коњ“, „ВМРО“ и „Филип“ се исклучени во моментов, поради сезонско дополнително чистење, како резултат на дождовите проследени со ветар кои беа честа појава во изминатиот период и ќе бидат пуштени во употреба по завршувањето на оваа постапка и на другите подготвителни активности – кусо одговорија пред две недели од „Водовод и канализација“.

Потоа, после неколку дена фонтаните проработија, но ѓубрето остана. Што и како чистеле екипите на „Водовод и канализација“ или само чистењето беше изговор за нефункционирањето на фонтаните, тоа си го знаат само во претпријатието.

Граѓаните го „знаат“ она што секојдневно го гледаат – неисчистени фонтани, преполни со ѓубре.

Ѓубре и алги во фонтата на плоштад / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот