Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL/POOL

Фон дер Лајен: Три опции за финансирање на Украина

Три опции или нивна комбинација за покривање на финансиските потреби на Украина предложи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во писмо до членките на Европската унија, вклучувајќи и заем со користење на замрзнати руски средства.

„Идентификувавме три главни опции, имено поддршка што ќе ја финансираат земјите-членки преку грантови, ограничен заем со право на регрес што ќе се финансира со задолжување на Унијата на финансиските пазари или ограничен заем со право на регрес поврзан со готовинските салда на основните средства“, рече Фон дер Лајен во писмото, до кое увид имаше Ројтерс.

Во приложениот документ со писмата, Фон дер Лајен додаде дека „трите опции не се меѓусебно исклучуваат. Тие можат да се комбинираат или да се подредуваат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот