Фон дер Лајен со барање до „АстраЗенека“: Испорачајте ги договорените порачки на вакцини

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, побара од фармацевтската компанија „АстраЗенека“ да ги реализира договорените испораки. Според портпаролот на ЕК, таа го испорала барањето во телефонски разговор со првиот човек на „АстраЗенека“, Паскал Сорио.

Фон дер Лајен потсети дека ЕУ однапред инвестирала значителни суми во компанијата, со цел да се обезбеди поттикнување на производството. Се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) во петок да ја одобри анти-ковид вакцината на „АстраЗенека“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот