ФК Академија Пандев: Дали милионските вложувања на нашиот сопственик се правилна одлука?

Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Во рамките од 14 коло од Првата македонска лига екипата на Академија Пандев загуби на домашен терен од Ренова со резултат 0:1.

Овој меч беше одигран на теренот на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, стрелец на голот за „гипсарите“ беше Шефит Шефити.

После завршувањето на дуелот фудбалскиот клуб Академија Пандев излезе со реакција, коментар на својата официјална фејсбук страница:

– Пораз од 0:1 против екипата на Ренова. Против еден противник можеби и ќе се боревме, но не бевме моќни и против судијата Стојанче Трпчевски кој денеска беше дојден/пратен во Струмица со цел да ѝ наштети на Академија Пандев. Не бараме алиби за слабите резултати оваа сезона, но се доведуваме во ситуација да размислиме дали милионските вложувања на нашиот сопственик во македонскиот фудбал се правилна оклука. За македонскиот фудбал да оди напред, мора работите да се менуваат од корен..- напишаа од ФК Академија Пандев.

Не се најдобри резултатите сезонава за „пандевци“, до сега од 14 одиграни мечеви имаат вкупно 10 порази, три победи и едно реми за моментно 11 претпоследна позиција во опасната зона за испаѓање од лигата.

ПФЛ: Шкендија со петка ги почести „лавовите“ во дербито

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот