ПФЛ: Шкендија со петка ги почести „лавовите“ во дербито

фото: ФК Шкендија

Актуелниот лидер Шкендија во дербито на 14. коло од Првата фудбалска лига ја покажа својата моќ против Македонија ЃП. Тетовци со 5:0 ја демолираа Македонија и ја задржаа лидерската позиција на табелата.

Талентираниот Дашмир Елези продолжи со одличните игри и во 10. минута ја донесе Шкендија во водство, а тетовските „црвено-црни“ дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме со головите на Љупчо Дориев и Бесарт Ибраими. Во второто полувреме Шкендија преку Валмир Нафиу и Енур Тотре дојде до убедлив триумф и ја продолжи серијата без пораз од Македонија ЃП која трае повеќе од една деценија.

Поразот на „лавовите“ го искористи Шкупи кој со победата од 3:1 над Беласица се врати на второто место на табелата со 28 бода, два помалку од лидерот Шкендија и три повеќе од Македонија ЃП.

Дембо Дарбо со два гола и Алварез беа најзаслужни за триумфот над Беласија која почесниот гол го постигна преку Зоран Ивановски.
Вардар по две победи по ред, денеска е поразен на гостувањето кај Силекс во Кратово. Голот вреден три бода го постигна Денис Ристов во 51. минута, иако неговиот тим уште од првото полувреме играше со играч помалку по исклучувањето на Карчевски.

Резултати:

ПФЛ, 14. Коло:
Шкендија – Македонија ЃП 5:0
Шкупи – Беласица 3:1
Работнички – Пелистер 1:0
Силекс – Вардар 1:0
Академија Пандев – Ренова 0:1
Борец – Струга Трим Лум 2:1

ТАБЕЛА: Шкендија 30, Шкупи 28, Македонија ЃП 26, Борец 22, Струга Трим Лум 20, Силекс 20, Вардар 19, Работнички 17, Ренова 14, Пелистер 12, А. Пандев 10, Беласица 9.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот