Фирмата што го озбедбедува М-НАВ и што ја пушти бандата да влезе внатре е на партиски лидер на Ахмети

М-НАВ Контрола на летање/Фото: МИА

Извори од М-НАВ посочуваат дека фирмата за обезбедување со промет од 3 милиони евра годишно е на партискиот партнер на Ахмети, објавува Алсат. 

И покрај тоа што го доби тендерот за заштита на просториите на Акционерското друштво за контрола на цивилни летови во Македонија, вработените во „2SS Security“ дозволија неовластени лица да влезат во радарските канцеларии на скопскиот аеродром, каде што тројца контролори биле нападнати во работното време во четвртокот околу 15:15 часот.

Според Кривичниот законик, се очекува „2SS Security“ да сноси кривична одговорност за незаштита на објекти од национален безбедносен интерес, како што се набљудувачките простории на М-НАВ, каде што партиската поврзаност на нивните газди со шефот на Огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири ја отвориле рампата за да влезат два автомобили, се сомничи дека се уште 7 непознати лица кои дошле по налог на Беким Незири.
Истата компанија е задолжена и за безбедноста во скопската клиника за Гинекологија, па и за таму денес се објави акт на насилство.

Имено, на 04.01.2024 во 08:50 часот во СВР Скопје, А.Б.(70) од Скопје пријавил дека на Клиниката за гинекологија и акушерство во Комплексот клиники „Мајка Тереза“– Скопје, по претходна расправија со А.В.(30) и А.З.(27), вработени како обезбедување, А.В. му се заканил со остар предмет и физички го нападнал.

Од полицијата информираа дека извршен е службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот