Финансиска помош од Општина Центар за социјално загрозени и болни лица

Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Овие финансиски средства, како што соопштија општинските власти, се одобрени врз основа на пристигнати барања од страна на жителите на општината.

Комисијата за социјална и здравстена заштита на Општина Центар одржа електронска седница на која одлучи да додели финансиска еднократна помош за социјално загрозени семејства и лица жители на Општина Центар кои имаат лоша здравствена состојба.

Овие финансиски средства, како што соопштија општинските власти, се одобрени врз основа на пристигнати барања од страна на жителите на општината.

-Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат овие лица, 55 семејства со итна социјална и здравствена потреба ќе добијат еднократна финансиска помош од Општина Центар со вкупен износ од 555.000,000 денари, истакнал на седницата градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ.

Покрај овие вонредни мерки, од општината соопштија дека во соработка со невладината организација „Банка за храна” и Здружението за поддршка и развој „Хуманост” се мобилизираа заради обезбедување помош и донација на семејства кои живеат во социјален ризик,нехумани услови и секојдневна борба со сиромаштијата.

Помош и поддршка, како што се наведува во соопштение, им се пружа на сите стари и изнемоштени лица над 60 години кои се жители на Општина Центар.

-Мобилните тимови почитувајќи ги сите мерки на претпазливост и заштита од КОВИД 19, им доставуваат пакети прехранбени продукти, медикамементи и останати неопходни средства до нивните домови. За да не се изложуваат на дополнителна опасност и како најзагрозени и во најголем ризик од коронавирусот, мобилните тимови секојдневно се на терен за да им ја обезбедат потребна помош на овие лица, информира Општина Центар.

Отворен е Јавниот повик за доделување субвенции за проектот „Сервис за стари лица” за жителите на Центар кои се постари над 60 години.

-Би сакал да апелирам до сите хумани граѓани и општествено одговорни компании да се вклучат во хуманитарните акции и заеднички да им помогнеме на нашите сограѓани. Сите заинтересирани можат да ни се обратат на телефонскиот број 076 313 383, рече градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот