Финалето во Лига на Европа 2022 година ќе се игра во Будимпешта

твитер

Финалниот натпревар во второто по квалитет европско клупско натпреварување, Лигата на Европа, во 2022 година ќе се игра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

Извршниот комитет на УЕФА на денешниот состанок во Амстердам одлучи, Будимпешта да биде домаќин на финалниот натпревар од Лигата на Европа 2022 година.
Средбата ќе се игра на новоизградената „Пушкаш Арена“ која има капацитет од 67.215 седишта.

ИК на УЕФА одлучи европскиот Суперкуп истата година да се одржи во главниот град на Финска, Хелсинки, додека во 2023 година рускиот град Казањ ќе биде домаќин на натпреварот помеѓу европскиот шампион и освојувачот на Лигата на Европа.

Европската куќа на фудбалот ги одреди и домаќините на женското финале од Лигата на шампионите. Во 2022 година финалето ќе се игра на стадионот на Јувентус „Алијанц Арена“, а наредната 2023 година на „Филипс Арената“ во Ајндховен.

Годинава домаќин на финалето во Лига Европа е полски Гдањск, а идната година финалето ќе се игра во Севилја на „Санчез Писхуан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот