Српска полиција / илустрација / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Филмски грабеж вечерва во Србија: Маскирани разбојници однеле два милиони евра државни пари

Во текот на вечерта, на територијата на српската област Рашка, на југот на земјата, беше извршен голем грабеж – маскирани и вооружени разбојници пресретнале возило за транспорт на пари и украле околу два милиони евра државни пари, објави РИНА.

„Маскирани и вооружени разбојници пресретнале возило што превезувало пари, по што го киднапирале и избегале. Според првичните информации, нападот бил внимателно испланиран и професионално извршен“, изјавил извор запознаен со случајот.

Кратко по грабежот, возилото било пронајдено опожарено во градот Јабланица, на територијата на Нови Пазар.

Извор близок до истрагата наведува дека инцидентот се случил доцна вечерва и дека постојат индиции дека сторителите имале однапред подготвен план за бегство.

На терен се ангажирани голем број полицајци, а потрагата по разбојниците е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот