Филипусис: Ѓоковиќ е досега невиден професионалец

EPA-EFE/JOEL CARRETT

Некогашниот австралиски тенисер го смета Србинот за неверојатен професионалец и објаснува зошто така мисли

Марк Филипусис тврди дека, додека Рафаел Надал и Роџер Федерер демонстрирале неверојатен професионализам, Новак Ѓоковиќ го подигнал до степен каков што досега не е виден.

Двократниот грен-слем финалист го фали Ѓоковиќ за неговиот вреден пристап кон сите аспекти од тенисот и неговата желба да се подобри и да се избори за предност макар од „еден процент“, секогаш кога е можно.

Светскиот број еден освои три од четирите грен-слем турнири оваа година. Ѓоковиќ (36) освои рекордни 24 грен-слем титули, пред неговите големи ривали Надал и Федерер – кои се на 22 и 20 титули.

Филипусис ја препознава извонредната професионалност на секој член на „големата тројка“, но објасни зошто чувствува дека Ѓоковиќ се издвоил во овој поглед.

– Неверојатна професионалност се гледа кај Рафа или Федерер, но Ѓоковиќ го има подигнато нивото и тоа е едноставно неверојатно. Треба да јадете, да дишете и да спиете тенис за да освоите неколку грен-слемови. Тој не само што освои 24, што е луда бројка, туку сè уште продолжува да гледа каде може да се подобри. Каде може да го добие еден процент овде, еден процент таму – вели Филипусис, некогашен австралиски тенисер.

EPA-EFE/Kai Foesterling

Австралиецот потоа објаснува прецизно што мислел.

– Тој внимава што внесува во телото, што прави пред мечот, начинот на кој се загрева, истегнувањето. Гледа на тој еден процент екстра насекаде, бидејќи тоа се брои на грен-слемовите…. Не сум видел таков професионалец. Има многу неверојатни професионалци, но никогаш не сум видел како Ѓоковиќ – вели Филипусис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот