Филипче: За отворање градинките и границите ќе се разговара наскоро (ВИДЕО)

„Еден од главните проблеми е слабата соработка со дел од граѓаните и одбивањето да се пријават во болница дури и кога имаат симптоми, а тоа го прават нивните соседи“

Беше констатирано дека нема неконтролирано ширење на вирусот. За дополнителни рестриктивни мерки ќе се почекаат резултатите од следните 2-3 дена, а потоа ќе се носат одлуки. МВР да работи засилено на имплементација на мерките. Под рестриктивни мерки се подразбираат воведување на полициски час на локално ниво, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој соопшти дека на Комисијата за заразни болести утринава станало збор и за воведување на карантин и полициски час во одредени делови, при што било констатирано дека ќе се одлучува после 2-3 дена, а ќе зависи од резултатите во следниот период.

Министерот нагласи дека се прави скрининг на сите контакти кои ги даваат новодијагностицираните, а тој број се зголемува според индикациите и контактите.

– Еден од главните проблеми е слабата соработка со дел од граѓаните и одбивањето да се пријават во болница дури и кога имаат симптоми, а тоа го прават нивните соседи. Се разговараше и за планот за следните фази за олабавување на мерките, а на ова прашање ќе се вратиме кон крајот на неделата. За датуми за отворање градинки, но и граници исто така ќе се разговара кон крајот на неделата – рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот