Филипче: Тестот на Заев негативен, двајцата лидери не се во ризик

Министерот Филипче објави дека денеска од инфективната клиника се испишани 3 оздравени пациенти, после два негативни тестови и се во добра состојба.

Пред половина час стигна резултатот на претседателот на СДСМ Зоран Заев и тој е негативен, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Зоран Заев.

Во однос на неговиот случај, согласно стандардите пропишана е дополнителна самоизолација од една недела имајќи го вкупниот период на инкубација од контактот со заразеното лцие.

Филипче нагласи дека двајцата лидери на најголемите политички партии во земјава не се во ризик по контактот со заразениот новинар.

Министерот Филипче објави дека денеска од инфективната клиника се испишани 3 оздравени пациенти, после два негативни тестови и се во добра состојба.

На Клиниката во моментов има вкупно 66 лица, од кои 8 се во тешка состојба, приклучени на механички рестпиратор.

Во болницата 8 септември, има 21 пациент од кои 6 се со тешка манифестација на болеста.

Во болницата во Штип има 4-ца пациенти со лесна форма на болеста, додека во Штип се примени нови четворица пациенти, со што се вкупно 8 со полесна манифестација на болеста.

Продолжено е со тестирањето, при што тестирани се 496 лица, коронавирусот е потврден кај 48 лица, односно сега вкупно заболени има 711 лица.

Министерот нагласи дека најмалиот пациент, бебето сместено на Клиниката за Инфективни болести е во добра здравствена состојба и под постојан надзор на педијатар.

Во однос на случајот со починатиот притвореник во затворот Шутка, министерот Филипче нагласи дека тој бил во затворот од 8 март и немал симптоми на ковид-19, што кај него посмртно е утврден, сега интензивно се работи со луѓето во затворот, при што денеска и во текот на утрешниот ден ќе се направат тестирања и на притворениците и на персоналот.

Исто така, министерот Филипче појасни дека во Агенцијата за храна и ветеринарство има една вработена која е позитивна на коронавирис и повеќе од една недела е дома, односно од 2. април е дома заради ротација на тимовите, седум колеги кои биле во контакт со заболената се во домашна изолација, детална дезинфекција и чистење на објектот.

Во однос на реакцијата за брзината со која е пристапено кон тестирањето на двајцата лидери на најголемите политички партии, Филипче истакна дека тука не станува збор за политички приоритети туку за заштита на државните интереси.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот