Филипче: Со озонирање на 15 милилитри крв повеќе пати во денот против Ковид 19

Фотографија: Profimedia

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека разговарал со докторите од анестезиолошката служба и има група пациенти кои може да ја примаат оваа терапија.

Од денеска во болницата 8 Септември е пренесен апарат за озонска терапија, односно озонирање на крвта. Оваа метода се користи за најтешките пациенти на коронавирус.

Тимот на анестезиолози направил анализа и заклучил дека вреди и оваа терапија да се аплицира кај пациентите со Ковид 19. Утре е закажана и првата екстракција на крвна плазма на Институот за трансфузиона медицина.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека разговарал со докторите од анестезиолошката служба и има група пациенти кои може да ја примаат оваа терапија.

-Немаме доказ дека помага, ама имаме апсолутно докази дека не одмага. На лекарите оставаме да проценат на кого ќе се даде индикација, но сакам да потенцирам дека нема ограничување, за кој пациент и да се даде, ќе може да ја прими терапијата. Причина за тешката клиничка слика е недоволната оксигенација на крвта. Се смета дека со оксигенирање со озон, една количина крв може 15 милилитри од крвта се вадат, се озонираат и се враќаат во циркулацијата и тоа може да се повтори неколку пати во денот. Се подобрува способноста на крвта да однесе кислород до ткивата каде е тоа потребно. На тоа се должат добрите резултати, тоа е механизмот на делување. Се индицира според степенот на оксигенација на крвта, тоа е параметар што може да се мери и се мери на интензивна нега, кај пациентите што имаат потешкотии во дишењето. Според оние претпоставени механизми самата крв е компромитирана па еритроцитите не можат да го врзат кислородот и ова може да помогне. Ова е на кратко, подобра можност крвта да оксигенира повеќе ткива во повеќе органи во организмот, објасни министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот