Филипче: Можно е да има заразени со Ковид -19 од струшката литија

Лекари од струшката болница му пријавиле на министерот за здравство Венко Филипче, дека во болницата доаѓаат пациенти кои што имаат наод на белите дробови кој потсетува на причинителот Ковид 19, а кои присуствувале на познатата струшка литија.

Ова министерот предмалку го изјави во интервју за Телевизија 24.

-Тие лица присуствувале на литијата. Ги чекаме резултатите, но апсолутно таков еден настан без дистанца е настан во кој може да се очекува дека вирусот се шири. Ние влегуваме во начин на живот што беше претходно. Никој не можеше да замисли дека ќе се смени патувањето. Нашата реалност значи дека мора да се носат маски и мора да се почитува дистанца, рече Филипче додавајќи дека секој град во кој не се почитуваат мерките може да е жариште.

Тој додаде дека има и кластери создадени на семејни собири каде не се почитуваат мерките. Алгоритамот на тестирање е променет изминатите денови па и луѓе кои немале директен контакт со заразен може да прават тест.

-Може да биле во контакт со луѓе кои не биле свесни дека се заразени. Така ќе им дозволиме тестирање и нив, објасни министерот.

Околу двете деца кои беа примени со синдромот кавасаки, министерот рече дека се тестирани за антитела и дека деновиве ќе се добијат резултатите, по што ќе се знае со сигурност дали нивните симптоми биле во корелација со Ковид 19. Кавасаки синдромот е инаку многу редок и претставува тип на воспаление на ѕидот на крвните садови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот