Филипче: Мерките за заштита од ковид-19 влијаат на менталното здравје

Носењето маска значи грижа за сите, за ранливите и за повозрасните. Со маската, се штитиме себеси и сите околу нас, напиша вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

– Тоа е акт на солидарност и почитување на луѓето. Можеби ти не си во ризик, но секојдневно си во контакт со други кои можеби тешко би ја поднеле болеста. Да бидеме свесни и совесни, пишува во фејсбук статусот на министерот Филипче.

Министерот денеска имаше обраќање на Меѓународната младинска конференција “Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа” во организација на Младински Сојуз Крушево. Темата на пленарната сесија беше „Солидарност во криза: Човекот над КОВИД-19“, пред 80 млади учесници од 16 земји од Југоисточна Европа.

-Живееме во една од најсериозните здравствени кризи со кои се соочил светот. Мерките за заштита од ковид-19 влијаат на менталното здравје, за што во рамките на Клиниката за психијатрија воспоставивме линии за психолошка поддршка. Покрај тоа што мерките се маска, дистанца и дезинфекција, важно е да ја одржиме комуникацијата и да останеме поврзани- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот