-7 C
Скопје

Филипче им порача на учениците: Вие може да бидете пример за возрасните и за целото општество (ВИДЕО)

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска во видео обраќање се обрати до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година.

„Пандемијата предизвикана од ковид-19 донесе брза и тектонска промена во образованието каква што не се памети во историјата. Верувам дека за многу од вас, новиот начин на кој се почнува оваа учебна предизвикува чувство на неизвесност. Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки кои ги донесовме во однос на образовниот процес. Секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел, заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата. Секоја одлука која ја донесовме е донесена со цел да се обезбеди добар, но и безбеден образовен процес. И ова е единствениот исправен пристап во услови кога нема идеално решение”, потенцираше министерот Филипче.

Прочитајте и...  Почна пријавувањето за гласање во Штип за болните и изнемоштени лица

Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека целосното отворање на училиштата кое го применија многу земји се покажа како исклучително голем ризик, а во неколку земји тоа значеше целосен крах на системот и враќање кон силни рестрикции.

„Верувам дека никој не го посакува ова. Сите добро се сеќаваме каква штета на менталното здравје, економијата и целото општество донесоа рестрикциите. Тие се последното нешто што сакаме да го употребиме и затоа мора да бидеме многу внимателни. Сите ученици кои се враќаат во училишните клупи, нивните родители и наставниот кадар мора да бидат многу одговорни. Дури 600 училишта ја започнаа настават со физичко присуство. Од учениците, родителите и наставниците очекувам максимално и доследно почитување на пропишаните мерки. Од сите заедно зависи дали ќе ја задржиме состојбата стабилна а со тоа и безбедно и квалитетно да ја поминеме учебната година. Драги деца, вирусот не е шега. Можеби за вас е помалку опасен, но е многу поопасен за вашите родители, баби и дедовци. Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите. Јас верувам во вашата зрелост и одговорност. Вие може да бидете пример за возрасните и за целото општество. Кризата е време во кое созреваме, во кое растеме како одговорни личности. Ви посакувам успешна учебна година”, рече министерот Филипче.

Прочитајте и...  Американски експерт тврди: Ким Џонг Ун и неговото семејство се вакцинираа против ковид-19

Поврзани вести

Како да се препознае коронавирусот кај децата? Ова се симптомите кои секој родител мора да ги запамти

Слободен печат

Градоначалникот на Скопје се прости од својот заменик: Денес загубив добар пријател!

Слободен печат

Дел од дневниот ред за 25. седница на Владата: Закони од финансиска и економска сфера, предлог-програма за поддршка на печатени медиуми за 2020 година

Слободен печат

Над 26.000 новозаразени во Русија, 569 лица починаа – најмногу од почетокот на пандемијата

Слободен печат

Зошто вчеравечер доцнеше статистиката за ковид-19?

Мирослава Бурнс

Автобускиот превоз во Приштина ќе биде бесплатен во наредните месец дена

Слободен печат

Остави Коментар