Филипче: Болницата во Кавадарци пример за одговорно работење (ФОТО)

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша дека болницата во Кавадарци е пример за одговорно работење и оти во изминатите три години комплетно е сменета сликата на оваа установа. Посочи дека во болницата е спремно одделение доколку е потребно да третира пациенти заболени од Ковид-19.

– Набавена е нова опрема, зголемени се платите на сите здравствени работници и значително е подобрена инфаструктурата. Целосно е реновирано педијатриското одделение, зголемен е бројот на лекари специјалисти, од темел реновиран запуштен дел од болницата и пренаменет во идно интернистичко одделение за жени, најсовремена медицинска опрема и спремно одделение доколку е потребно да третира пациенти заболени од Ковид-19, напиша Филипче на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот