Филип Поповски останува во ФФМ работејќи на проектите согласно стратешките планови

фото: ФФМ

Како што е веќе познато, Наталиа Илиевска Божиновска е нов Генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија како наследник на Филип Поповски.

Тој се заблагодарува на соработката во изминатите два мандати на Генерален секретар на ФФМ.

Почитувани медиуми, Почитувани партнери, Дозволете да ви се заблагодарам на соработката во изминатите два мандати како Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

Заедно постигнавме многу успеси, но и лоши моменти кои се дел од фудбалскиот свет. Драго ми е што како мој наследник доаѓа колешката Наталиа Илиевска Божиновска за нов Генерален секретар кое во согласност со нашите цели опишани во Стратегијата за развој на женски фудбал и обезбедување на поголема родова еднаквост во Федерацијата. Ве замолувам да и ја пружите истата поддршка како што ми ја пруживте и мене. Верувам дека со ова сме пример не само кај спортските организации во државата, туку и во регионот – се зборовите на Поповски.

Поповски воедно вели дека и понатаму останува во ФФМ работејќи на започнатите проекти согласно стратешките планови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот