„Фигаро“: Макрон фаворит на изборите, има популарност од 38 отсто кај Французите

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

На три месеци пред првиот круг од претседателските избори во Франција, актуелниот претседател Емануел Макрон ја ужива популарноста на 38 отсто од Французите, и неговата популарност е поголема од таа на неговите претходници во истиот период, ги пренесе денеска парискиот весник „Фигаро” резултатите од најнова анкетата на јавното мнение.

Иако Макрон неодамна предизвика контроверзии изјавувајќи дека ќе им го отежне животот на оние кои одбиваат да ја примат вакцината против коронавирусот, неговата популарност не е намалена и со 38 проценти од популарноста тој е во релативно удобна позиција пред првиот круг од претседателските избори, иако се уште не е официјален кандидат на изборите, пишува „Фигаро”.

Неговите претходници во овој предизборен период не ја уживаа ваквата популарност.

Социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд беше популарен кај само 19 отсто од Французите, додека десничарскиот претседател Никола Саркози имаше 29 отсто поддршка од Французите.

Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга, на 10 и 24 април

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот