ФФМ потврди: Македонија ќе игра пријателски натпревар и против Финска

фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Финска.

Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17 ноември годинава на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Последниот пријателски натпревар против Финска го одигравме во март 2018 година. Во турски Белек, мечот заврши без голови, 0:0.

Во октомври, нашата селекција веќе го потврди пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија.

Можно е на 20 ноември најдобрите македонски фудбалери да тестираат и против Азербејџан, но и за овој меч исто така треба да потврдат од ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот