Ферарито на Шумахер од 2003 година ќе се продава за 8,4 милиони фунти

EPA PHOTO EFE / TONI GARRIGA

Се работи за оригиналниот автомобил со кој Шумахер го освои првенството во 2003 година

Ферарито на Михаел Шумахер од 2003 година е најновиот од Ф1 болидите на легендата што се продаваат на аукција. Се очекува почетната цена да биде 8,4 милиони фунти (околу 9.600.000 евра), иако не е официјално.

Три од претходните тркачки автомобили Ферари на Шумахер се рангирани меѓу четирите најскапи Ф1 болиди кои некогаш биле на аукција, со цена од 5,2 до 6,2 милиони фунти.

Најновиот сè уште нема официјална почетна цена, но неизбежно ќе биде еден од најскапите Ф1 болиди продадени на аукција.

Токму овој Ф2003-ГА (иницијалите се во чест на покојниот шеф на Фиат, Џани Ањели) победник на пет гран-при трки, возен од Шумахер, за време на сезоната кога тој ја освои титулата во 2003 година.

Тоа е оригиналниот болид со кој Шумахер возеше за да го освои шестиот шампионат во Ф1.

Михаел Шумахер сега живее со своето семејство во Швајцарија, каде болидот ќе се продава на аукција. Продажбата ќе ја изврши аукционерската куќа Сотеби на 9 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот