Федерер не може да ги победи Надал и Ѓоковиќ

Поранешниот британски тенисер, Грег Руседски кој сега работи како аналитичар смета дека Роже Федерер не може да ги победи Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на претстојниот УС Опен кој започнува в понеделник.

Федерер дури пет пати по ред триумфираше на грен слем турнирот кој се игра во Њујорк од 2004 до 2008 година, а во последната деценија само еднаш играше во финалето, во 2015 година и тогаш загуби од Ѓоковиќ.

Токму затоа Руседски смета дека Федерер го поминал својот зенит. Згора на тоа, Федерер ќе биде трет носител во Њујорк, што значи дека за да дојде до трофејот мора да слави и над Надал и над Ѓоковиќ. Такво нешто во досегашната кариера, на еден турнир да ги совлада двајцата големи ривали, никогаш не го направил.

Прочитајте и...  Фјури потежок дури 20 килограми од Вајлдер пред бокс мечот на годината (ВИДЕО)

– Доколку гледаме кој би можел да го освои УС Опен, за мене тоа се само двајца тенисери, Новак Ѓоковиќ или Рафаел Надал. Не зборувам за пласман во полуфинале или четвртфинале. Далеку зад нив, меѓу фаворитите е и Данил Медведев бидејќи играше во финалето на двата последни Мастерс турнири и во Њујорк доаѓа со голема самодоверба.

Федерер не играл во финале од 2015 година. Федерер не е меѓу фаворитите бидејќи неговото време полека заминува, а убеден сум дека тој во моментов не може да ги победи Надал или Ѓоковиќ во три сета. Згора на тоа никогаш не ги победил на еден ист турнир. Дали Федерер може да има добар настап? Да, но дали ќе ја освои титулата? Мислам не – изјави Руседски.

Прочитајте и...  Барди и Леванте ги симнаа „кралевите“ од тронот (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Барди и Леванте ги симнаа „кралевите“ од тронот (ВИДЕО)

Слободен печат

Јокиќ чита книги за коњи, а ние победуваме

Слободен печат

Милан испушти победа, Роналдо 11. натпревар по ред ги тресе мрежите (ВИДЕО)

Слободен печат

Алушовски: Верувам дека Вардар идната година ќе игра во Лигата на шампионите

Слободен печат

Вернер нема дилема: Клоп е најдобар тренер во светот

Слободен печат

Петарда на Лајпциг во Гелзенкирхен, Халанд не запира да ги тресе мрежите (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

седумнаесет − два =

Прочитај повеќе

„Граѓаните“ на крилјата Жезус до триумф над Лестер (ВИДЕО)

Слободен печат

Федерер откри што ќе прави во пензија

Слободен печат

Поранешните вардарци на цена, Србија за прв пат во историјата ќе добие селектор-странец

Слободен печат

Шпанската полиција која уапси екс фудбалер на Реал Мадрид открива во која лига има највеќе местенки

Слободен печат

„Покерот“ на Меси ги смири навивачите на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Порто со фуриозно второ полувреме го реши Вардар

Слободен печат