Федерер: Лудост е што јас, Рафа и Новак сè уште сме на врвот

twitter/ATP Tour

Роже Федерер по еден час и 36 минути игра загуби од Стефанос Циципас со 6:3,6:4 во полуфиналето на завршниот Мастерс турнир во Лондон. Младиот грчки тенисер беше подобар противник и на крајот сосема заслужено победи, а Федерер по мечот призна дека не му е јасно како големата тројка сè уште е на врвот покрај толку талентирани тенисери.

– Ја гледам листата на тенисери кои ја завршувале годината на првото место на АТП ранг листата, кој бил број 1 во изминатите години и сметам дека е лудост тоа што секогаш е некој од нас тројца (Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ).

Никој од нас не се подмладува. Шансите да биде престигнати се зголемуваат, не затоа што ние сме се полоши, туку затоа што младите стануваат се подобри. Верувам дека е така – изјави Федерер кој остана на бројката од шест титули на завршните Мастерс турнири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот