Новите момци без респект, Циципас преку Федерер до финалето

twitter: ATP Tour

Стефанос Циципас е првиот финалист на Мастерсот во Лондон откако за еден час и 37 минути игра со 6:3,6:4 го победи Роже Федерер во полуфиналето.

Младиот грчки тенисер до клучната предност во првиот сет дојде во вториот гем кога направи брејк, а веднаш потоа и го потврди на свој сервис за водство од 3:0 што претставуваше најава за големо изненадување.

Во вториот сет, повторно Цицпас прв зададе удар, направи брејк за водство од 2:1, но Федерер веднаш одговори со рибрејк и враќање на неизвесноста.
Дека младите се подготвени да ги наследат ветераните кои го издигнаа тенисот на повисоко ниво, доказ е петтиот гем, кога Циципас покажа дека е ментално е подготвен да се натпреварува на највисоко ниво, и повторно му го одзема сервисот на Федерер.

До крајот на вториот сет, успеа да ги одбие налетите на Федерер и сосема заслужено да триумфира со 6:4, што значеше пласман во финале.
Во утрешното финале, Циципас ќе игра против подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Доминик Тим и Александер Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот