Федерер: Честитки до Рафа, пред само неколку месеци се пошегувавме дека јас и тој сме на патерици!

Рожер Федерер му честиташе на својот голем ривал и пријател, Рафаел Надал/Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ја освои рекордната 21 грен слем титула во кариерата, со победата во финалето на „Австралија опен“ над Данил Медведев.

Честитки пристигнаа и од најголемите ривали Новак Ѓоковиќ кој поради депортација не настапи на овогодинешниот турнир во Мелбурн и Швајцарецот Рожер Федерер кој заедно со Србинот остана на второто место по бројот на освоени грен слем турнири, со по 20.

– На овогодинешниот „Австралија опен“ се играше извонреден тенис, а финалето беше исклучително. Честитки до Барти за неверојатниот настап пред домашната публика и Колинс за неверојатниот турнир што го одигра. Честитки за Надал за нејзината 21 грен слем титула. Неверојатно достигнување. Секогаш импресивна борбеност, Медведев даде сè од себе и играше со страста и одлучноста што ги очекувавме од него – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Федерер, кој се опоравува од повредата, преку својот Инстаграм му честиташе на Шпанецот за големиот успех.

– Каков меч! Мојот пријател и голем ривал, Надал, честитки што прв стигна до 21 грен слем титула. Пред само неколку месеци се пошегувавме дека јас и тој сме на патерици. Неверојатно. Никогаш не го потценувајте шампионот. Твојата извонредна работна етика, посветеноста и борбата се инспирација за мене и за многу други ширум светот. Горд сум што ја споделувам оваа ера со тебе и ми е чест да те туркам напред да напредуваше уште повеќе, како што тоа го правеше со мене во изминатите 18 години. Сигурен сум дека пред тебе има бројни успеси, но сега уживај во овој – објави Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот