Фаучи: Колективeн имунитет се постигнува со стапка на вакцинација до 90 отсто

Фото: EPA-EFE/Patrick Semansky / POOL

Постигнувањето на колективен имунитет против коронавирусот бара да бидат вакцинирани меѓу 70 и 90 отсто од граѓаните, оцени главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи.

Во интервју за „Њујорк тајмс”, тој призна дека со тек на време ги зголемил проценките за процентот на населението кое треба да биде вакцинирано со цел да се создаде колективен имунитет, откако претходно зборувал дека е доволно тој процент да изнесува 60-70 отсто.

– Кога истражувањата на јавното мислење покажуваа дека само околу половина од Американците би ја примиле вакцината, зборував дека за создавање колективен имунитет би било потребно да се вакцинираат 70-75 отсто од граѓаните. Меѓутоа, кога новите истражувања покажаа дека 60 отсто или повеќе би ја примиле вакцината, помислив дека би можело да ја поместам границата, па ја зголемив на 80-85 отсто, нагласи Фаучи.

Тој објасни дека „колку е болеста позаразна, толку е потребно поголема стапка на вакцинација за да се достигне прагот на колективен имунитет”.

Податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека од 14 декември вакцината ја примиле над еден милион Американци, односно околу 0,3 отсто од населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот