Фантастична најава: Победниците никогаш не се откажуваат!

Фото: instagram.com/rkvardar

На Фајнал фор турнирот играчите предводени од тренерот Парондо уште еднаш ќе имаат можност да испишат нова голема историја за себе и за македонскиот спорт.

Од РК Вардар порачаа: „Победниците никогаш не се откажуваат“, како најава за ова епско финале против Веспрем во чии редови настапува нашиот репрезентативец Дејан Манасков.

Фото: РК ВАРДАР

Нема промени околу составите на двајцата тренери, потсетување дека Игор Карачиќ вечерва ќе го има последниот меч во дресот на „црвено-црните“.

„Арена Спорт 1“ ќе врши директен пренос, а потсетување дека денешното финале воедно може да го погледнете на плоштадот во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот