Фановите загрижени: Познатата пејачка ИСЧЕЗНАЛА?

принтскрин/Instagram

Австралиската пејачка Иги Азалеја ги затворила сите свои налози на друштвените мрежи на 27 мај, кога на интернет беа објавени нејзините разголени фотографии што ги снимила за познатиот магазин „GQ“ уште во 2016 година.

После тоа ја снемало од Твитер и од Инстаграм, а како што пишива Dailymail не е достапна ни на мобилен. Нејзините пријатели се сериозно загрижени за нејзината безбедност, пишува Dailymail.
Она што особено ги чуди нејзините соработници е фактот што никому не му одговорила ни за нејзиниот роденден кој бил во петокот, а како што рекле тие, Азалеја особено ги сакала журките кои сама ги организирала.

https://www.instagram.com/p/Bx8_N6wCT1_/

Иги Азалеја била шокирана кога на интернет ги видела фотографиите што ги снимил фотографот Нино Муњоз, особено поради фактот дека целиот договор бил покриен со договор со кој е гарантирана безбедност и дискреција.

Пејачката признала дека позирала на сетот за познатиот магазин и дека во тоа не гледа ништо лошо, но објавувањето на нејзините фотографии без нејзино знаење за неа било крајно непрофесионално.

– Многу познати жени позирале за магазинот „GQ“ со стратешки скриени места на телото. Секогаш такви насловни ми беа убави, па ја искористив приликата што ми беше дадена. Никогаш не се согласив на фотографии во топлес кои би биле наменети за објавување. Лута сум и изненадена што фотографиите се сочувани и што веднаш не биле избришани откако беше избрана фотографијата за насловната страница. Вознемирена сум од бројот на коментари од мажи кои поради тие фотографии ми праќаа описи за тоа што би ми правеле. Во моментов сум исполнета со негативни чувства. Се чувствувам заслепена, понижена, лута, тажна. Ова е како нуклеарна бомба која експлодирала и ме уништила емоционално – изјавила пејачката непосредно пред исчезнувањето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот