Фамилијата рекла дека починала од коронавирус, а девет дена после погребот се „вратила од мртвите“

Рохелија Бланко (85) од Мадрид за која фамилијата мислела дека починала од коронавирус ги изненадила своите блиски кога се вратила во домот за стари лица девет дена после нејзиниот погреб.

Како што пренесува Ројтерс, дошло до забуна заради која фамилијата на Рохелија јавиле дека таа починала од коронавирус, па заради мерките против пандемијата не можеле да присуствуваат на погребот.

Се започнало кога таа добила позитивен резултат на тестот за коронавирус, па со другите заразени жители на домот ја префрлиле во друг дом специјализиран за лекување.

До забуна дошло откако починала жена која била со нејзе во истата соба, а по грешка било евидентирано дека таа починала.

Нејзиното „враќање од мртвите“ го шокираше и нејзиниот сопруг Рамон кој живее во истиот дом за стари лица.

„Не можев да верувам. Ја исплакав смртта на својата сопруга“, рекол Рамон за локалните медиуми.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот