Фајзер ја „скара“ Европската унија

EPA EFE
Вакцина Фајзер против ковид-19 / фото: ЕПА

Компанијата Фајзер оваа недела испорача два пати помала количина на вакцини против ковид-19 на некои членки на ЕУ отколку што е договорено. Заради тоа расте незадоволството во Унијата.

Романија исто така ќе добие 50 отсто од планираната количина оваа недела, а испораката ќе се зголемува постапно, за дури кон крајот на март Букурешт да ги добие договорените количини, рекол заменик министерот за здравство за Ројтерс.

Слична ситуација е и во Полска, која во понеделник доби 176.000 дози, односно 50 отсто помалку од очекуваното.

Чешката влада заради проблеми со набавка исто така ја забавува кампањата за вакцинација.

„Мораме да очекуваме дека ќе има намалување на бројот на вакцинации во наредните три недели“, рекол министерот за здравство Јан Блатни за новинарите.

Испораката на вакцини од Фајзер ќе биде намалена за 15 отсто оваа недела, а следната за 30 проценти.

Фајзер соопшти дека ќе ги надокнади дозите кои недостасуваат за Бугарија и Полска.

Италија во средата се закани дека ќе ја тужи компанијата Фајзер. Унгарија денеска издаде прелиминарно одобрување за користење на вакцините против коронавирус на Астразенека и руската вакцина „Спутник V“, а од Будимпешта повикуваат Брисел да влијае за Фајзер да се придржува до планот на испорака.

„Би биле задоволни ако Европската комисија преземе чекори за што побрзо да осигура дека Фајзер и другите производители не ја изменуваат количината на испораки“, рекол шефот на кабинетот на премиерот Гергели Гуљаш.

Проблеми заради намалена испорака на вакцини од Фајзер имаат и Канада и Швајцарија.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот