Украина војници / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

„Фајненшл тајмс“: Украина купила оружје од несигурни добавувачи, изгубила стотици милиони долари

Украинските власти изгубиле стотици милиони долари нарачувајќи оружје од несигурни добавувачи, пишува британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Весникот ги објави резултатите од својата истрага, врз основа на протечени документи на украинската влада и „десетици интервјуа со службеници за набавки, трговци со оружје и детективи“.

Како што се наведува во статијата, обидите за купување оружје преку трети страни и од сомнителни добавувачи резултираале со тоа што Киев „изгубил стотици милиони долари“ во текот на три години.

Во голем број случаи, украинската страна исплатила големи депозити на малку познати компании кои сè уште не го испорачале нарачаното оружје или неговите делови.

Како што се наведува во статијата, Украина до денес им исплатила 770 милиони долари однапред на странски трговци за оружје и муниција што не се испорачани. Тоа сочинува значаен дел од годишниот воен буџет на Киев.

Во исто време, некои странски компании за оружје велат дека биле жртви на внатрешни конфликти и корупција од страна на украинските функционери и државните трговци со оружје, што би можело да биде причината зошто милиони долари исчезнале, се вели во извештајот.

Според документите што ги видел „Фајненшл тајмс“, во некои случаи имало заговор меѓу високи украински безбедносни службеници и странски посредници за користење договори за кражба на јавни средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот