Европското досие на Македонија централна тема на средбата на Османи со советничката на шпанскиот премиер Санчез

 Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ја започна работната посета на Шпанија со средба со Марија Аурора Мехија, директор за ЕУ и надворешно-политички советник на шпанскиот премиерот Педро Санчез, на која централна тема беше европското досие на Република Северна Македонија и поддршката на Мадрид за европските интеграции на земјата.

Како што соопшти МНР, Османи ги претстави последните актуелности поврзани со реформскиот напредок на земјата, со посебен акцент на преземените активности во борбата против корупцијата и организираниот криминал. На маса беа ставени и регионалните односи и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан, со посебен фокус на политиките на добрососедство.

– Покрај европското досие, соговорниците разговараа и за можностите од продлабочување на економските односи, меѓусебната поддршка во мултилатералните организации и секторската соработка меѓу двете држави, а беше дискутирано и за претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во текот на 2023 година, се наведува во соопштението.

Османи за време на престојот на Шпанија се сретна и со генералениот секретар на Светската туристичка организација, Зураб Пололикашвили, со кого разговараше за последиците од Ковид пандемијата врз туризмот, како и проекциите за условите и динамика за нормализацијата во овој сектор.

Во текот на денот, следи средба на Османи со неговиот домаќин, министерката за надворешни работи, Европска унија и за соработка на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја, како и со претседателот на Комисијата за надворешни работи на шпанскиот Сенат,  Антонио Гутиерез Лимонес, наведуваат од МНР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот