Европските берзи зајакнаа по „историскиот договор“

Големото прашање за трговците е дали растот ќе продолжи оваа недела и дали трговците со акции ќе можат да ги одбранат тие придобивки

Европскиот индекс на фјучерсите „EuroStoks 50“ забележа раст од 0,5 отсто, додека германскиот „DAX“ и лондонскиот „FTSE“ зајакнаа за 0,7 односно 0,4 проценти.

Индексите на европските берзантски фјучерси утрово забележаа пораст откако лидерите на Европската унија постигнаа „историски“ договор за планот за опоравување на економијата.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на Твитер напиша само „Договор“ со цел да објави дека е изнајден компромис односно дека страните изнашле заемно прифатливо решение за предлог пакетот за помош.

Европскиот индекс на фјучерсите „EuroStoks 50“ забележа раст од 0,5 отсто, додека германскиот „DAX“ и лондонскиот „FTSE“ зајакнаа за 0,7 односно 0,4 проценти.

Покрај тоа, надежта за постигнување на европски договор и позитивните податоци на низа компании кандидати за пронаоѓање на вакцина против вирусот ковид – 19 го поттикна растот на паневропскиот индекс „STOKS 600“, се вели во соопштението објавено од „Ројтерс“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот