Европскиот парламент одобри воведување на дигитални сертификати од 1 јули

Европскиот парламент / Фото: МИА

Европскиот парламент денес го поддржа воведувањето на дигитален сертификат за во ЕУ ​​со цел да се олесни патувањето во ЕУ и да се придонесе за закрепнување на економијата. Сертификатите ќе се применуваат од 1 јули 2021 година и ќе важат 12 месеци, се вели во соопштението на ЕП.

Документот ќе потврди дека лицето е вакцинирано против ковид-19, дека неодамна имал негативен резултат од тестот или се опоравил од инфекцијата. Во пракса, ова ќе бидат три различни сертификати.

Сертификатите ќе се издаваат бесплатно од властите на земјите-членки, ќе бидат достапни во дигитален или хартиен формат и ќе имаат QR-код.

Сертификатот нема да биде предуслов за слободно движење и нема да се смета за патна исправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот