Фото: Евгениј Поп Ацев/Фејсбук

Евгениј Поп Ацев ја доби наградата „13 Ноември“ за спортист на годината

Македонскиот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев е добитник на престижната награда „13 Ноември“ во категоријата спортист на годината, што традиционално ја доделува Сојузот на спортови на Скопје. Признанието му беше врачено на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на главниот град, одржана во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Поп Ацев минатата година го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути, станувајќи петтиот Македонец кој го совладал овој легендарен пливачки предизвик – успех што уште еднаш ја потврди неговата посветеност и истрајност.

Наградата за тренер на годината ја доби Кире Лазаров, за извонредниот успех со РК Алкалоид, кој под негово водство ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп. Тимот од Скопје беше прогласен и за најуспешна спортска екипа.

Признанијата за животно дело им припаднаа на Божурка Ѓошевска, поранешна атлетичарка и долгогодишна тренерка, и на Кирил Михаилов, истакнат спортски фоторепортер и хроничар на македонскиот спорт.

Меѓу добитниците се и Горан Мицкоски (Џудо федерација), Јордан Тасевски (стрелаштво), Владимир Булатовиќ (портал „Екипа“), како и професорите Александар Аргироски и Ана Јакимовска Стричевиќ.

 

Eвгениј Поп Ацев стана само петтиот Македонец кој го препливал Ламанш

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот