Фото: EPA

Еве зошто вртењето на заболените од коронавирус на стомак може да биде од пресудно значење

Изминатиот петок докторката Мангала Нарасимхан прими итен повек. Маж од околу 40-тина години со коронавирус се наоѓал во тешка ситуација, а нејзин колега ја повикал да дојде во болницата во Лонг Исланд за да види дали пациентот треба да биде префрлен на интензивна нега, пишува „Си-Ен-Ен“.

Пред да стигне во болницата, докторката му рекла на друг доктор да се обиде да го сврти пациентот на стомак и да види дали тоа ќе помогне.

На крај, ова се покажало како успешна техника. Докторите открија дека ако доколку заболениот го свртат на стомак, тоа може да помогне при зголемувањето на количината на кислородот во белите дробови, пишува „Си-Ен-Ен“.

– Така спасуваме животи, тоа е сигурно. Тоа е толку едноставна работа, а придонесува за значително подобрување на ситуацијата. Напредокот е видлив кај секој пациент – рече Нарасимхан.

Со ова се согласува и докторката Кетрин Хиберт, од медицинското одделение во општата болница во Масачусетс.

Таа вели дека оваа метода делува бидејќи овозможува кислородот полесно да стигне до белите дробови. Додека пациентот се наоѓа на грб, тежината на неговото тело всушност притиска дел од неговите бели дробови.

– Кога пациентите се наоѓаат на стомак, отвораме делови од белите дробови кои порано не биле отворени – вели Хиберт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот