Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Еве зошто Ѓоковиќ никогаш не е номиниран за наградата која Федерер ја освоил 13 пати

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ освои три грен слем титули сезонава, стигна до магичната бројка од 40 мастерс титули, славеше на завршниот турнир во Торино и годината ја заврши како тенисер број еден во светот по осми пат.

АТП традиционално на крајот од сезоната доделува награди во неколку категории, но српскиот ас изгледа никогаш нема да триумфира во една.

На истата најпрво „се претплати“ Рожер Федерер, па Рафаел Надал, а сега на нивното место ќе дојде „новата генерација“.

Имено, тоа е наградата „Стефан Едберг“ за спортски дух или фер-плеј, а годинава за неа беа номинирани едни од најголемите ривали на Ѓоковиќ – Карлос Алкараз, Хуберт Хуркач, Григор Димитров и Јаник Синер.

Во една прилика од светската тениска федерација објаснија дека главната причина што Србинот не е во конкуренција за оваа награда е тоа што често кршел рекети во текот на кариерата.

Во прилог на тоа, видео на Федерер, кој е олицетворение на фер-плејот, со оглед на тоа што 13 пати ја освојуваше наградата „Стефан Едберг“.

Да потсетиме, тренерот на Новак, Горан Иванишевиќ е во конкуренција за најдобар тренер, додека Ѓоковиќ се очекува да ја освои титулата најдобар тенисер на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот