Еве што му прави сапунот на вирусот – По ова видео сигурни сме дека ќе ги миете рацете повеќе од било кога! (ВИДЕО)

Една учителка од Австралија на најдобар можен начин им ја објаснила на децата важноста од миењето на рацете и тоа со доста оригинален пример.

Имено, таа во една чинија помешала вода, масло и бибер и на децата им ја претставила оваа мешавина како „вирус”. Во другиот сад ставила сапун со малку вода.

Кога децата го ставале прстот во садот со „вирусот”, тој воопшто не се поместувал, односно бил насекаде околу нив и нивниот прст.

Од друга страна, кога децата претходно го потопувале прстот во садот со сапун, а потоа го ставале во чинијата со „вирусот”, тој веднаш „бегал” од нив.

Погледнете го фантастичниот пример кој најдобро ја покажува важноста од миењето на рацете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот