Еве колку изнесува вкупниот СВЕТСКИ ДОЛГ и како ќе влијае на опоравувањето после пандемијата

Фото: МИА

Долгот на целиот свет на крајот на минатата година достигна износ од 255 билиони долари, што е  322 отсто од светскиот БДП, а новите податоци ќе ги загрижат владите кои планираат брзо оправување по пандемијата од коронавирусот. Станува збор за вкупниот долг кој ги вклучува домаќинствата, владите, финансискиот сектор, и нефинасиските корпорации.

Светот денеска – на почетокот на новата рецесија – е должен 87 илјади милијарди долари повеќе отколку на почетокот на финансиската криза во 2008 година, а според податоците на Генералниот монитор на долгот на Институтот за меѓународни финансии (ИИФ).

Долгот ширум светот во сите сектори порасна за 10 милијарди долари само во 2019 година, а тоа беше пред Ковид-19 да ги присили многуте светски влади да воведат мерки за огранучување кои го погодија голем дел од стопанството.

Веста ги загрижи светските челници кои и натаму пружаат невиден финансиски поттик за поддршка на своите стопанства среде пандемиајта, што води кон нов раст на долгот. ИИФ прогнозира дека глобалниот товар на долгот „драматично“ ќе се зголеми во 2020 година.

Нивото на долгот би можело да порасне на 342 отсто од БДП до крајот на оваа година, под претпоставка дека ќе се удвои нето задолжувањето на државите и намалување на глобалниот БДП од 3 отсто.

„Со фискалниот одговор на Ковид – 19 кој е во полн ек, товарот на глобалниот долг би требало драстично да се зголеми во 2020 година. Исклучителната несигурност околу размерот и траењето на пандемијата ја прави проценката предизвикувачка. Остриот излезен пат во нивото на долгот изгледа извесен“, рече директорот на ИИФ Емре Тифтик.

Инаку, високото ниво на јавен долг може да ја намали способноста на државите да го осигураат брзото економско опоравување по пандемијата.

Прочитајте и: Само девет милијардери во светот успеаја да го сочуваат своето богатство, сите се од иста држава

Само девет милијардери во светот успеаја да го сочуваат своето богатство, сите се од иста држава

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот