Еве која е разликата меѓу жените што живеат во село и жените што живеат во град

жена

Какви се ефектите на животот на жената во градската врева, а какви животите на жените во село или во природа, откриваат научниците во првата студија од овој вид која е некогаш направена.

Студијата спроведена ширум Европа на повеќе од 2000 жени, покажала дека жените од село подоцна влегуваат во менопауза бидејќи „помалку се нервираат“.

Животот на село, надвор од градската врева, може да ја одложи менопаузата за повеќе од една година, пренесува „Дејли мејл“.

„Ова е првата студија која ја утврдила врската меѓу околината во која живееме и менопаузата. Сметаме дека има многу пошироки импликации, бидејќи може да се заклучи дека жените во градовите, поради пораната менопауза, исто така имаат поголем ризик од болестите на срцето или на коските“, наведуваат авторите.

Учесничките во студијата биле детално испитувани и прегледувани на неколку години.

Утврдено е дека жените кои живееле во средините во кои во круг од 300 метри од нивниот дом имале многу зеленило, подоцна влегле во менопауза.

„Животот во градот донесува повеќе стрес, стресот го зголемува нивото на хормонот кортизол, а престојот во природа го намалува нивото на тој хормон. Веќе знаеме дека престојот или животот во природа го намалува ризикот од депресија, но ова е првпат да се утврди дека тоа има врска и со плодноста“, наведуваат авторите на студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот