ЕУРО 2020: Требаше да го прослави првиот гол, Роналдо му го „украде“! (ВИДЕО)

Фото: Ројтерс

Првенецот на Жота за само една секунда се претвори во 99 погодок на Кристијано Роналдо во дресот на најдобрата репрезентација на Португалија.

Фудбалерите на Португалија триумфираа со 0:2 на гостувањето кај Луксембург и на тој начин си обезбеди настап на Европското првенство во 2020 година.

Водечкиот погодок за Португалците го реализираше Бруно Фернандеш во 39. минута, додека конечните 0:2 ги постави Роналдо во 86. минута.

Младиот Диого Жота (22) беше блиску да дојде до првиот гол во дресот на репрезентацијата, но во „лош“ момент за него во последен момент Роналдо, фудбалерот на Јувентус ја смести последен топката во мрежата во својот 164 натпревар за националната селекција.

Така, на ѕвездата на италијанскиот шампион му недостасува уште еден гол, за да дојде до својот 100 јубилеен во дресот на Португалија.

Роналдо очигледно не го заборава непријатното искуство кое го доживеа пред две недели кога Арон Ремзи, неговиот соиграч од Јуве му „украде“ гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот