Ремзи му „украде“ гол, Роналдо лут како „рис“! (ФОТО+ВИДЕО)

фото/твитер

Во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите после првото полувреме на „РЗД“ арената во Москва после првото полувреме беше 1:1 на натпреварот помеѓу екипите на Локомотив Москва и Јувентус.

„Старата дама“ поведе уште во четвртата минута, Кристијано Роналдо изведе еден слободен удар и беше многу блиску да постигне гол, но во последен момент му беше „украден“ од неговиот тимски колега Арон Ремзи.

Домашниот голман Гиљерме не реагираше најдобро, топката одеше директно во неговата мрежа, а во последен момент Велшанецот Ремзи се погрижи да биде стрелец на водечкиот погодок.

Русите успеаја да израмнат во 12. минута преку Миранчук.

Да додадеме уште дека овој гол од главниот град на Русија секако ќе влезе во историјата на „Старата дама“. Вкупно 300. погодок на „црно-белите“ од Торино во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот