ЕУОбсервер: Повторно доведен во прашање слободниот визен режим со ЕУ

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

ЕУОбсервер утрово објавува ексклузивен интерен документ на земјите членки во ЕУ во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова доаѓа повторно додека претседателката на Европската Комисија го посетува регионот, како и брифингот на високи дипломатски извори за Ројтерс дека некои земји членки бараат да се стави крај на проширувањето на ЕУ.

Според документот во кој ЕУОбсервер имал увид Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата” на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.

Пред неколку дена Франција најави заострување на визниот режим за земјите од Магреб.

Франција вели дека има посебно проблем со барања за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека Германија се жали на барања од Албанија и другите три земји од Источното партнерство.

Македонците би можеле да и претстават проблем на Белгија каде ова лето рипнале барањата од Северна Македонија. Белгија меѓутоа чека да види дали станува збор за изолиран феномен.

„Нерегуларните” барања за азил од Грузија е зголемен за повеќе од 50 отсто.

За да се активира механизмот за суспензија на слободниот визен режим потребно е зголемување од 50 отсто.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот