ЕУ повикува Косово веднаш да ги прекине полициските операции на северот

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската Унија очекува Косово веднаш да ги прекине полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово и предупредува дека последиците од неуспехот да се смири ситуацијата ќе бидат негативни. ЕУ исто така е подготвена да спроведе решителни мерки, пишува во соопштението на 27-те земји-членки на ЕУ.

-Очекуваме Косово да постапи на начин што нема да ескалира и веднаш да ги прекине полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово, се вели во соопштението.

Во него се додава дека новоизбраните градоначалници привремено треба привремено да ги извршуваат своите должности во други простории надвор од општинските згради, и што е можно поскоро да се распишат предвремени избори.

-Очекуваме учество на косовските Срби на овие избори, се вели во изјавата што портпаролот на ЕУ Петер Стано ја објави на Твитер.

Предвремените избори треба што поскоро да се распишат во сите четири општини, наведува ЕУ и додава дека очекува на тие избори да учествуваат косовските Срби.

ЕУ изразува загриженост најмногу поради борбената готовност на српската војска и очекува од Косово и од Србија да се однесуваат одговорно и веднаш да се свртат кон дијалогот со посредство на Унијата кој што гарантира безбедност, сигурност и партиципативна демократија за сите граѓани, а истовремено го отвора патот за спроведување на Договорот за нормализација и неговиот анекс. Тоа вклучува почеток на работата за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО) без натамошно одлагање или предуслови.

„Ги повикуваме и Косово и Србија веднаш и безусловно да преземат мерки за деескалација, да престанат да ја користат реториката на поделба и да се воздржат од какви било дополнителни некоординирани мерки. Итно треба повторно да се воспостави мир”, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот