ЕУ и НАТО дипломати: Македонија стана извозник на стабилност и демократија

Со денешната последна сесија на „Охридски дијалог”, на која учествуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески, заврши годинашната средба на членови на Владата, претставници на Атланскиот совет и поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати, кои низ стратешкиот дијалог работеа на унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.

-Дел од темите кои беа анализирани беа и придонесите, но и придобивките на Северна Македонија, што треба да се очекуваат во последните месеци пред станување полноправна членка на НАТО, но и во периодот кој ќе следи- наведуваат во соопштнеието од владиниот прес-центар.

Оттаму, истакнуваат дека говорниците со согласија дека Северна Македонија во последните две години стана извозник на стабилност и демократија. Безбедносните реформи кои беа преземени, како и постојаната работа на унапредување на стабилноста на институциите на системот треба да бидат континуиран напор.

„Охридскиот дијалог” е во организација на Охридската група, Владата на Република Северна Македонија и Атланскиот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот