Ештон Качер поднесе оставка откако го поддржа силувачот Дени Мастерсон: Останувам горд

Фото: EPA-EFE/ERIC THAYER

Ештон Качер поднесе оставка од функцијата претседател на бордот на „Торн“, организација која се бори против сексуалната злоупотреба на деца, пишува „Би-би-си“ (BBC).

Ештон Качер и неговата сопруга Мила Кунис изминатиов период беа мета на негативни коментари, откако испратија писма со поддршка за Дени Мастерсон, кој беше осуден за силување две жени.

Споменатата организација „Торн“, Качер ја основал уште во 2009 година со неговата тогашна сопруга Деми Мур, а од организацијата се повлекува и Мила Кунис, иако до сега била само набљудувач.

Ештон Качер и Мила Кунис/Intagram
Ештон Качер и Мила Кунис/Intagram

„Жртвите на сексуална злоупотреба беа замолчувани низ историјата, а изјавата за ликот на Дени Мастерсон што ја доставив е уште еден болен пример за преиспитување на искуствата на жртвите кои беа доволно храбри да ги споделат своите искуства. Откако јас и мојата сопруга поминавме неколку дена размислувајќи и разговаравме со преживеаните, како и со вработените и раководството во „Торн“, решив дека одговорно е да се повлечам од функцијата претседател на одборот, и тоа веднаш да стапи на сила“, напиша Качер во писмото за оставка.

„Не можам да дозволам мојот пропуст во расудувањето да го одвлече вниманието од нашите напори и од децата на кои им служиме“, додаде тој.

Актерот им се извини и на жртвите на сексуален напад.

„Мисијата секогаш мора да биде приоритет и сакам од срце да им се извинам на сите жртви на сексуално насилство и на сите во ‘Торн’ што ги повредив со она што го направив… Останувам горд на она што го постигнавме изминатата деценија и ќе продолжам да ја поддржувам работата на ‘Торн’. Ви благодарам за вашето неуморно застапување и посветеност на оваа кауза“, се вели во писмото.

Ештон Качер и Мила Кунис го поддржаа Дени Мастерсон, актерот осуден за силување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот