Ерменија и Азербејџан во Брисел договорија мировни преговори за Нагорно Карабах

Пашинијан и Шарл Мишел Фото : EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Ерменија и Азербејџан се договорија да одржат мировни преговори за решавање на тензиите околу Нагорно Карабах, регионот што граничи со двете земји, соопшти Кабинетот на ерменскиот премиер Никола Пашинјан.

Кабинетот на Пашинјан го објави соопштението по разговорите со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Брисел.

Соговорниците се договориле да формираат билатерална Комисија за демаркација на заедничката граница до крајот на април, се вели во соопштението.

„Премиерот на Ерменија и претседателот на Азербејџан им наложија на своите министри за надворешни работи да започнат со подготовки за мировни преговори меѓу двете земји”, стои во соопштението.

На состанокот во Брисел присуствувал и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во 2020 година азербејџанските сили ги протераа етничките ерменски сили од областите што ги контролираа од и околу Нагорно-Карабах од 1990-тите години.

Ерменија минатиот месец рече дека очекува Русија да преземе чекори за да го принуди Азербејџан да ги повлече силите од регионот Нагорно-Карабах.

Азербејџан тврди дека областа е нејзина суверена територија.

По средбата, која траеше повеќе од четири часа, Алиев и Пашинјан им наложија на своите министри за надворешни работи да започнат со подготовките за мировни преговори.

– Кремљ ја поздравува одлуката на ерменските и азербејџанските власти да започнат мировни преговори, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот