Ердоган изрази сочувство до католичката заедница во Турција

Ердоган / Фото: Mehmet Kaman / AFP / Profimedia

• Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до католичката заедница во Турција во врска со нападот на црквата „Санта Марија“ во Истанбул, во кој загина едно лице, пренесоа турските медиуми

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до католичката заедница во Турција во врска со нападот на црквата „Санта Марија“ во Истанбул, во кој загина едно лице, пренесоа турските медиуми.

-Наше сочувство. Во потрагата по напаѓачите се вклучени сите безбедносни сили. Се преземаат неопходни чекори за да се фатат сторителите – изјави Ердоган во врска со нападот што се случи денеска за време на богослужба во италијанската католичка црква „Санта Марија“.

Во нападот е убиен еден турски државјанин. Полицијата организираше голема акција за фаќање на сторителите.

Според ТРТ Хабер, турскиот претседател телефонски разговарал со свештеникот на црквата, Антон Булаи, и со генералниот конзул на Полска во Истанбул, Витол Лешњак, на кои им го пренел своето сочувство и ги уверил дека напаѓачите ќе бидат фатени и казнети.

Црквата „Санта Марија“, која се наоѓа во областа Сариер во Истанбул, е италијанска католичка црква отворена за богослужба во 1866 година. Зградата била уништена во 1889 година, по што била обновена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот