Емини со два гола им донесе триумф на „лавовите“ против Скопје

Трета победа по ред за фудбалерите на Македонија ЃП/фото: Македонија ЃП

Фудбалерите на Македонија ЃП благодарение на Сефер Емини славеа со 1:2 на гостувањето кај Скопје во рамки на првиот натпревар од 14. коло од првата фудбалска лига.

Со победата, „лавовите“ скокнаа три позиции на табелата и сега се на шестото место со 20 бодови, додека Скопје остана на деветтото место со 16 бода.

Во првиот дел немаше голови, а третата победа по ред за Македонија ЃП ја обезбеди Емини со два одлични гола во вториот дел.
Прво Емини во 67 минута со гол од слободен удар донесе израмнување на резултатот откако девет минути порано Јашаровски му донесе водство на домашниот тим.

Победничкиот гол, Емини го постигна во 77 минута со фантастичен шут од 20-тина метри.
Останатите натпревари од 14 коло ќе се играат утре, а двојките се Академија Пандев – Тиквеш, Борец – Ренова, Шкендија – Брегалница, Шкупи – Пелистер и Струга Трим Лум – Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот